Со молитва за Палмира: Валериј Ѓоргиев со концерт во античкиот град

Древноста не го заштити бисерот на сириската пустина – Палмира и нејзините колонади, храмови и гробници од борците на „Исламската држава“.

Древноста не го заштити бисерот на сириската пустина – Палмира и нејзините колонади, храмови и гробници од борците на „Исламската држава“ – терористите ги рушеа градбите и спомениците на историјата, уништувајќи ја илјадагодишната цивилизација, пишува РТ на руски.

Откако сириската армија со поддршка од ВКС РФ во целост го ослободи градот од терористите на ИД, на помош на сириските деминери веднаш им пристигнаа стручњаците од Русија. Со заеднички напори во рекорден рок успеаја да го деминираат историскиот дел на градот. Експертите и инженерите сѐ уште ја проценуваат штетата нанесена на уникатниот архитектонски комплекс на древната Палмира, а специјалистите веќе почнаа со работа за обнова на спомениците: со помош на странски стручњаци се обновува статуата „Лев Аллат“.

Стариот град се наоѓа во лоша состојба, меѓутоа оние кои зборуваат за него во минато време не се во право.

По ослободувањето на градот почнаа да пристигаат многубројни делегации и претставници на меѓународни организации за дефинирање на штетата нанесена на старите споменици ставени на списокот на светско наследство на УНЕСКО. 

Денеска уметничкиот раководител и генерален директор на Мариинскиот театар Валериј Ѓоргиев ќе настапи со симфонискиот оркестар во разрушениот од терористите сириски град Палмира. Преносот од концертот може да се гледа на Јутјуб“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња