Премиерот на Јапонија Шинзо Абе во текот на својата посета на Русија во петок ќе понуди план за билатерална економска соработка од осум точки, соопшти телевизијата НХК.
Според информациите на телевизијата, на средбата со рускиот претседател Владимир Путин јапонскиот премиер ќе предложи план од осум точки, на пример, за ископување на минерали, пред сѐ, во нафтената индустрија, и за освојување на Далечниот Исток. Освен тоа, како што тврди телевизијата, Абе има идеи за решавање на транспортните проблеми, модернизација на канализациите и водоводите во големите градови и изградба на современи болници.
Како што соопштува телевизијата, премиерот на Јапонија смета дека на тој начин ќе ѝ придаде поконкретни форми на билатералната соработка и истовремено ќе ги унапреди преговорите за Курилските острови и потпишувањето на мировниот договор. Како што се очекува, на средбата меѓу лидерите на двете земји ќе се разгледа и прашањето за посетата на рускиот претседател на Јапонија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче