Кери: „Северен тек-2“ ќе има негативно влијание врз Источна Европа

Гасоводот „Северен тек-2“ ќе има негативно влијание врз Источна Европа, изјави државниот секретар на САД Џон Кери на средбата со шефот на европската дипломатија Федерика Могерини.

Средбата меѓу Кери и Могерини се одржа во рамките на енергетскиот дијалог САД-ЕУ што се одржува во Вашингтон, пренесува „Взгљад“.

„Ќе разгледаме конкретно прашање кое предизвикува длабока загриженост кај мене и кај сите овде – тоа е гасоводот „Северен тек-2“. Проектот предизвика многу живи дебати на двете страни на Атлантикот и ние сме убедени дека тој ќе има апсолутно негативно влијание врз Украина, Словачка и Источна Европа. Тоа не треба да го губиме од вид“, изјави Кери.

„Ние ѝ помогнавме на Украина да ја намали зависноста од Русија на полето на гасот. Првпат минатата зима Украина доби повеќе природен гас од Европа отколку од Русија. Тоа покажува што може да се направи ако се реализира определена стратегија“, изјави Кери.

Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека проектот „Северен тек-2“ има чисто комерцијална природа и дека САД се обидуваат да ја спречат неговата изградба.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња