Според рејтингот, МГУ го зазеде 30 место (во 2015 година беше на 25 место). СПбГУ, кој во 2015 година првпат влезе меѓу најдобрите сто, годинава фигурира во групата од 81-90 место. МФТИ, кој минатата година не беше во првата стотка, година успеа да влезе во групата што ги зазема 91-100 место.
„Годинава позициите на рејтингот за светска репутација беа дефинирани од силниот напредок што го покажаа азиските универзитети, од кои 18 се најдоа во првата стотка во споредба со десет од пред една година“, изјави уредникот на рејтингот Фил Бејти, коментирајќи ја конечната листа на универзитети. „Во контекст на ова МГУ и СПбГУ се истакнаа добро, успевајќи да го ограничат својот пад на рејтингот само на неколку позиции“.
Авторите на рејтингот признаваат дека е субјективен за разлика од рејтингот Најдобри универзитети на светот, кој THE традиционално го објавува наесен. Тој се базира на академско мислење, а не на објективни показатели за работата на универзитетот. Истовремено, како што потенцираат авторите на анализата, токму показателот за репутацијата на универзитетите во денешно време е извонредно важен, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче