Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека НАТО не користи провокации, но дека Русија наводно „изврши низа провокативни потези”. Москва од друга страна истакнува дека потезите на НАТО во Источна Европа ги кршат одредбите на Основниот акт Русија-НАТО.
„НАТО е основа за безбедноста на САД (и сојузниците). Меѓутоа, Алијанса е во суштина одбранбена алијанса. И не користи провокации спрема Русија“, изјави Ернест.
Според неговите зборови, Алијансата сака „соработка со Русија“, пренесува „Взгљад”.
„За жал, Русија направи неколку провокативни потези”, изјави Ернест.
Тој истакна дека тоа се однесува на Украина.
„Украина не е членка на НАТО, но таа се наоѓа до земјите на Алијансата кои се загрижени поради ситуацијата во таа земја“, изјави портпаролот.
Ернест потсети дека САД ги зголемиле за четири пати своите расходи за програмата за помош на европските сојузници во НАТО.
„Убеден сум дека претседателот Обама ќе има можност да разговара за дополнителни мерки кога во јули ќе учествува на самитот на НАТО во Варшава“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче