Шојгу: Ќе се формираат три нови дивизии

Две нови дивизии ќе бидат формирани во Западниот воен округ и една во Јужниот заради спротивставување на зголемувањето на силите на НАТО на руската граница, изјави во средата министерот за одбрана на Русија генерал на армија Сергеј Шојгу.

„Од страна на Министерството за одбрана се преземаат низа мерки со цел спротивставување на зголемувањето на силите на НАТО во непосредна близина на руските граници. До крајот на годината две нови дивизии ќе бидат формирани во Западниот воен округ, една – во Јужниот воен округ“, изјави Шојгу.

Според неговите зборови, во моментов се врши обезбедување на условите за стационирање на овие единици.

„Од моја страна беа дадени наредби да се применуваат при изградбата на објектите најнапредните градежни решенија. Се работи за блоковско-модулни конструкции. Технологијата на масовно производство и испорака на модулите ќе овозможи изградба на објект за три – максимум четири недели“, прецизираше министерот.

Шојгу истакна дека во случај на потреба објектот може оперативно да се демонтира и да се премести на ново место, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња