„САД и нашите европски сојузници успеаја ефикасно да го координираат воведувањето на санкциите. Тоа имаше негативен ефект врз нивната (на Русија) економија“, потврди портпаролот на Белата куќа, одговарајќи на прашањето дали засилувањето на американската поддршка за земјите од НАТО е поврзано со неефикасноста на мерките за притисок врз Москва што ги користи Вашингтон.
Според неговите зборови, намалувањето на цените на енергенсите станало една од причините за компликациите со кои се судрила Русија, „но способноста на економијата на Русија да реагира на тоа се покажа ограничена од санкциите“, пренесува „Взгљад“.
Притоа Ернест тврди дека САД засега „не ја гледаат онаа промена на стратегијата (на Русија)“ на која тие сметале. „САД се подготвени да ги ослабат санкциите штом Русија покаже намера да ги изврши своите обврски што ги презеде во текот на преговорите во Минск“.
Од друга страна, портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека САД имаат намера да ги задржат санкциите „сѐ додека Русија не ги исполни своите обврски согласно „Минската спогодба“.
Санкциите против Крим остануваат на сила сѐ додека таму има руско присуство, прецизираше Кирби.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче