Рига: Сѐ што беше правено во СССР ѝ нанесуваше само штета на Латвија

Без оглед на развојот на индустријата и станбената изградба, Латвија во советско време беше исклучително во загуба, смета Емунд Станкевичс, претседател на Комисијата за процена на штетата што Латвија ја претрпела за време на СССР.

Изградените фабрики и претпријатија Латвија не ги смета за позитивен развој, затоа што СССР немал право да гради на „окупираната територија“, смета Станкевичс.

„Немаше законски втемелено право за изградба на таа територија, односно, едноставно кажано, може да се освои туѓа територија и на неа нешто да се подобрува. Тоа секако се смета како штета“.

Според зборовите на Станкевичс, тоа што фабриките изградени за време на СССР и понатаму плаќаат данок и го полнат државниот буџет на Латвија, иста така не се смета, затоа што во советско време парите оделе за Советскиот Сојуз.

Ни правното прашање поврзано со фактот дека Латвија ја претрпела „штетата“ во времето на СССР кој веќе не постои, не е релевантно за комисијата, затоа што истата смета дека е легитимно да се бара надомест на штетата од Русија. Меѓутоа, членовите на комисијата признаваат дека не можат сосем „точно да кажат“ дали Русија како правна наследничка сноси одговорност за она што е направено во советско време, но сепак заклучуваат дека „изгледа“ сноси одговорност.

На забелешката на новинарите дека за ослободување на Латвија од фашизмот загинале 150 000 советски војници, за кои Русија исто така би можела да „испорача сметка“, Станкевичс одговара дека Латвија тоа не го смета за загуба.

„Ние потполно поинаку гледаме на тие настани. Потпишан е пактот Молотов-Рибентроп, а Русија и Германија беа сојузници до четириесет и првата, а доколку тоа го немало, сѐ можело да испадне поинаку“.

„Тие луѓе кои загинаа овде беа жртви на војната меѓу двете земји“, додава Станкевичс.

На прашањето зошто комисијата за процена на штетата нанесена на Летонија од „советската окупација“ не ги пресметала стотиците илјади луѓе кои влегле на територијата на републиката, туку ги пресметала само депортираните граѓани, Стенкевичс одговори дека тоа се факти кои не можат да се споредат.

„За време на депортацијата луѓето насила одведени, а во Латвија се доаѓало доброволно. Тоа е неспоредливо. Макар што и тоа е последица од окупацијата“, вели Станкевичс.

Осумте милиони квадратни километри станбен фонд кој во Летонија е изграден за време на СССР претставува само проблем за оваа балтичка земја, истакнува Станкевичс. „Експертите сметаат дека таа градба не била квалитетна, освен тоа куќите се грди, не се вклопуваат во нашиот пејзаж и ние ги доживуваме повеќе како проблем, отколку како решение“, пренесува www.rubaltic.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња