Лавров ги обвини САД за обид да ја блокираат изградбата на „Северен тек-2“

САД преку своите особено блиски пријатели во НАТО создаваат пречки за изградба на гасоводот „Северен тек-2“, овие обиди за блокада имаат исклучително политички карактер, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

„Убедени сме дека „Северен тек-2“ исто така ќе ги зголеми снабдувањето со енергија на Европа и енергетската безбедност на Европа. Проектот е чисто комерцијален, проект, кој обединува цела низа западни компании ... и обидите за негово блокирање, се разбира, се од чисто политичка природа, и со тоа се занимаваат Американците, кои преку нивните особено блиски пријатели во НАТО се обидуваат да создадат тешкотии. Но, овде, повторувам, проектот е чисто комерцијален, ова и раководството на Германија го изјави како земја чии компании се заинтересирани за овој проект“, пренесува „Взгљад“.

Министерот потсети дека гасоводот „Северен тек“ во свое време беше прогласен од Европската комисија за приоритетен проект. „Затоа тука ќе биде многу тешко да се заземе поинаква позиција. Патем, тука е и јужниот крак (за испораките на руски гас) – таму пак се предвидува да почне да работи интерконекторот меѓу Грција и Италија, а тој е веќе вклучен од страна на Европската комисија во листата проекти од национален интерес. Така што тука, исто така, ќе биде тешко да се излезе, ако оваа варијанта со јужниот крак се здобие со практични контури“, рече Лавров.

Во петокот првиот човек на бордот на директори на „Гаспром“ Виктор Зубков изјави дека ЕУ нема јасна и разбирлива стратегија во сферата на обзбедување со енергенси.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња