„Од страна на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација како резултат на спроведен комплет оперативно-истражни мерки во градот Москва е приведена група државјани на централноазиски земји која планирала да изврши серија терористички напади во Московскиот регион во текот на мајските празници по задача од водачи на меѓународни терористички организации кои дејствуваат на територијата на Сирија и Турција“, соопшти ФСБ, пренесува „Взгљад“.
Се потенцира дека се одземени голема количина оружје, експлозив и други средства за терористичка активност. Приведените ги признале обвинувањата.
Во соопштението се истакнува дека во рамките на поднесената кривична пријава се вршат истражни дејствија. Идентитетот на приведените не се објавува во интерес на истрагата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче