Американскиот естаблишмент би морал да го погледне светот со очите на Путин, смета авторот на статијата за „Американски Конзервативец“:
„Кога Роналд Реган се сретна со Михаил Горбачов 1986-та во Рејкјавик, Путин имаше 30 години, а советската империја се протегаше од Елба до Беринговиот теснец. Советите беа присутни во Африка, во Карипското море и во Централна Америка Советскиот Сојуз беше супердржава која ѝ парираше на Америка.
Потоа Путин го набљудуваше „наполеоновското повлекување на Црвената армија од Европа“, распаѓањето на неговата земја на 15 држави. СССР изгуби третина од територијата и половина од населението. Црното море, кое некогаш му припаѓаше на СССР, е поделено меѓу прозападната Украина на север и непријателски расположената Грузија на исток, и двете поранешни државни на Варшавскиот пакт на запад кои во меѓувреме станаа членки на НАТО. Руските воени бродови на пат од Санкт Петербург до Атлантикот минуваат покрај бреговите на осум НАТО држави. Путин гледаше како НАТО, и покрај сите ветувања дадени на Горбачов, постепено ја голта Источна Европа.
Сега Путин слуша како американските јастреби повикуваат во воениот блок три поранешни советски републики - Молдавија, Грузија и Украина. Откако Путин го убеди Киев да стапи во Царинската унија, виде како е организиран државен удар поддржан од Американците. Ги виде обоените револуции кои се финансирани од САД, во обид да ги соборат сите режими во светот со кои Москва е во пријателски односи.
„Русија не ја прифати подадената рака на партнерство“, изјави врховниот командант на Здружените сили на НАТО во Европа генерал Филип Бридлав, „го одбра патот на непријателството“. А зошто бараме од Путин да го доживее движењето на НАТО на исток како „подадена рака“?
Ние ги собираме плодовите на гневот и негодувањето на рускиот народ кои лесно може да се објаснат, поради начинот на кој го искористивме распадот на советската империја. Зар самите не ја одбивме раката на пријателство што ни ја подаде Русија, кога одлучивме да ѝ го наметнеме својот униполарен свет, да си играме „големата империја“ и да се избориме за статусот на „великодушен глобален хегемон“.
Ако сега навистина се одвива втората студена војна, дали е Русија таа која го започна?
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче