Русија ѝ нуди вода на Кина пресна вода од Алтај

Министерот за земјоделство на РФ Александар Ткачев предложи пренос на пресна вода од Алтајскиот крај преку Казахстан до Ксинјан-Ујгурскиот автономен реон на Кина.

Министерот за земјоделство на РФ Александар Ткачев предложи пренос на пресна вода од Алтајскиот крај преку Казахстан до Ксинјан-Ујгурскиот автономен реон на Кина. Ова тој го изјави на средбата со министерот за земјоделство на Кина Хан Ханфу, пренесува порталот „Медуза“.

Од Министерството за земјоделство изјавија дека во Русија секоја година се испушта вишок вода во обем од 70 милиони кубни метри во текот на пролетните поплави при експлоатацијата на Гелевската акумулација и Кулундинскиот магистрален канал кој се полни од акумулацијата Об.

За ефикасно и рационално користење на водните ресурси од овој крај, ова количество вода би можело да се пренесува во Ксинјан-Ујгурскиот автономен реон на Кина преку Павлодарската област на Казахстан, чија граница се наоѓа на 60 километри од Алтајскиот крај.

Во Советскиот Сојуз долго време се дискутираше за проектот за пренасочување на сибирските реки со цел наводнување на сушните региони на земјата. На пример, се предлагаше изградба на канал од реката Об преку Казахстан до Узбекистан. Проектот не беше реализиран. Во 2000-те години проектот беше повторно актуелизиран од страна на Јуриј Лужков, тогашен градоначалник на Москва.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња