Пентагон: Однесувањето на руските воени авиони е „опасно“

Претходно САД неколкупати се пожалија на дејствијата на русите пилоти во близина на американски бродови и авиони.

САД ги сметаат за опасни дејствијата на руските воени авиони спрема американските летала и бродови, изјави шефот на Пентагон Ештон Картер. Неговите зборови се наведени на сајтот на Министерството за одбрана на САД.

„Тоа е непрофесионално и опасно, затоа што нашите сили и силите на нашите партнери имаат неотуѓиво право да се бранат. Затоа таквите непрофесионални дејствија ја прават опасна состојбата на нештата“, изјави Картер.

Минатите недели САД неколкупати се пожалија на дејствијата на русите пилоти во близина на американските бродови и авиони кои се наоѓаа во меѓународните води на Балтичкото море, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња