Лидерите на Франција и Јапонија, Франсоа Оланд и Шинзо Абе, се согласија со потребата да се продолжи дијалогот со Русија, соопшти во вторникот интернет-верзијата на весникот „Никкеи“ , информирајќи за средбата на двајцата лидери.
„Двајцата се согласија во мислењето за неопходноста да се продолжи дијалогот со Русија“, пишува весникот по завршувањето на јапонско-француската средба пред почетокот на самитот на Г-7 во Јапонија.
Според информациите на весникот, Оланд и Абе исто така разговарале за засилувањето на влијанието на Кина и прашањата за спротивставување на тероризмот кои ќе станат една од главните теми на претстојниот самит на Г-7 што ќе се одржи под претседателство на Јапонија на 26 и 27 мај.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе планира да ја посети Русија и на 6 мај да има неформална средба со претседателот на РФ Владимир Путин во Сочи.
Абе веќе повеќепати се има искажано за продолжување на дијалогот со Москва, без оглед на противењето од страна на САД, повикувајќи се на барањето решение за „територијалниот проблем“ со Русија, поврзан со Јужните Курилски острови, како и на потпишувањето мировен договор, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче