„Ноќните волци“ се пробија во Европа

Мотоциклистите планираат да поминат преку територијата на Русија, Белорусија, Полска, Словачка, Чешка, Австрија и Германија и да го празнуваат 9 мај во Берлин.

Мотоциклистите на рускиот клуб „Ноќни волци“ кои учествуваат во дефилето „Патиштата на Победата – на Берлин“, а кои не успеаја да поминат низ Полска, сепак влегоа во Европската унија, изјави раководителот на дефилето Андреј Бобровски.

„Ноќните волци“ се пробија во Европа. Се наоѓаме во Словачка и во вторник заминуваме за Брно за да се споиме со грипата која успеа да ја помине маршрутата низ Полска“, рече Бобровски без да каже како успеале да влезат во ЕУ преку полска територија. „Тоа е тајна“, истакна Бобровски.

Во моментов, според неговите зборови, колоната брои околу 20 луѓе, но следниве денови нивните редови ќе се пополнуваат со нови учесници во дефилето. Се очекува до моментот на пристигање во Берлин бројот на моторџии да достигне неколку стотици.

Колоната моторџии стартуваше утрото на 29 април од Подмосковје. Мотоциклистите планираа да поминат преку територијата на Русија, Белорусија, Полска, Словачка, Чешка, Австрија и Германија и да го празнуваат 9 мај во Берлин, пишува „Лента.ру“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња