Националниот судски колегиум на Шпанија издаде меѓународен налог за апсење на 12 државјани на РФ кои можат да бидат поврзани со таканаречената Тамбовско-малишевска банда, соопшти шпанската радио-станица „Кадена Сер“.
Според нејзините информации, меѓу лицата кои фигурираат на списокот се наоѓаат пратеникот на Државната дума Владислав Резник и неговата сопруга Диана Гиндин. Притоа Резник и неговите адвокати повеќепати ги имаат одрекувано сите обвинувања.
Освен тоа, издаден е налог за апсење на заменик-директорот на Федералната служба на РФ за контрола на прометот со наркотици (ФСКН) Николај Аулов. Претходно ФСКН РФ истакна дека ресорот нема добиено од Шпанија барања за апсење и меѓународни потерници. Од ФСКН потенцираат дека Николај Аулов никогаш не се криел од правосудството на која било држава, немал статус на осомничен или обвинет. Исто така, радиото истакнува дека шпанскиот суд бара приведување на поранешниот заменик-претседател на Истражниот комитет на РФ во обвинителството Игор Соболевски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче