„Ние не сакаме конфликти со Русија. Не сакаме студена војна. Не сакаме трка за вооружување“, изјави Столтенберг во интервју за германски „Велт“, истакнувајќи дека земјите на НАТО, за да го продолжат политичкиот дијалог со Русија, треба да бидат „решителни, разумни и силни“.
„Тоа што сега го правиме во Прибалтикот и во Полска, тоа во никој случај не е значително зголемување на воените сили“, истакнува Столтенберг, додавајќи дека тоа е реакција „на анексијата на Крим и дестабилизацијата на ситуацијата на истокот на Украина“.
Притоа, според мислењето на Столтенберг, во најскоро време Русија тешко дека ќе нападне некоја од земјите-членки на Алијансата.
Тој исто така не исклучува дополнителна средба Русија-НАТО пред планираните преговори во Варшава.
Одговарајќи на прашањето дали гледа потреба од ревизија на нуклеарната стратегија на Алијансата во однос на Русија, Столтенберг одговори дека НАТО е „подалеку од кога било од примената на нуклеарното оружје, но сѐ додека тоа постои во светот, НАТО ќе остане нуклеарна алијанса“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче