Русите минатата година најмногу купувале пилешко месо – 67,6% анкетирани го изјавиле тоа. На второ место е свинското (17%), а на трето – говедското (6%), пишува нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Во групата месни производи лидер стана варениот колбас (24,2% од анкетираните го купувале овој производ). 18,4% купувачи сакаат виршли и мали колбаси, месни полу-готови производи - 18%, а чадени производи - 12,4%.
Од риба и морски плодови најмногу се продавале конзерви, (27,2%), солена, маринирана и чадена риба (22%), додека жива и замрзната риба купувале 9,1%, а кавијар - 9% од анкетираните.
Од животински масла најмногу се купувал селски путер (43,5%), од растителните – сончогледово масло (78,7%).
Најпродаван од житните производи е оризот (33,1%).
Најпопуларен алкохолен пијалак е вотката (40%), следува пивото (38%), додека на трето место е виното (10%).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче