Лавров го потсети Кери дека треба да се истражи трагедијата во Одеса

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Џон Кери му соопшти на својот колега дека мора да се изврши истрага за трагедијата во Одеса која се случи пред точно две години.

„Во текот на разговорот на украинска тема Сергеј Лавров потсети дека мора да се бара спроведување на истрага за трагедијата во Одеса од 2 мај 2014 година“, се наведува во соопштението на МНР Русија по телефонскиот разговор меѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери.

Наведено е дека во текот на разговорот меѓу Лавров и Кери „беше нагласена безалтернативноста на целосната реализација на минскиот „пакет-мерки“.

Во текот на разговорот министрите исто така ги повикаа спротивставените страни во Сирија на строго почитување на режимот на прекин на огнот.

„Шефовите на дипломатските ресори ја продолжија дискусијата за перспективите на политичкото решение на кризата во Сирија и ги повикаа завојуваните страни строго да го почитуваат режимот на прекин на огнот постигнат во соработка на Русија и САД, освен борбата против терористичките групи“, се наведува во соопштението на руското МНР.

Покрај тоа, Лавров и Кери ги усогласија понатамошните чекори на Москва и Вашингтон во својство на копретседавачи на Меѓународната група за поддршка на Сирија, вклучувајќи ја и подготовката на следната седница, пренесува „Взгљад“.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња