Припадниците на Федералната служба за безбедност приведоа на истокот на Москва осомничени за врски со екстремистички групи, соопшти во понеделникот, 2 мај, изданието „Лајф“.
Специјалната операција била спроведена околу 16:00 часот во една зграда на „Шчелковско шосе“. Во текот на упадот осомничените дале отпор, започнала престрелка во која еден од нив бил ранет во ногата.
„Беше многу бучно, имаше пукање, 6-7 истрели. Ја скршија вратата во станот на првиот кат“, раскажа еден од очевидците.
Местото на операцијата е опколено од полициски сили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче