Бридлав: Западот треба да го зголеми разузнавањето против Русија

САД треба да го зголемат бројот на технички средства за разузнавање заради одвраќање на „заканите од страна на Русија“, изјави командантот на НАТО во Европа генерал Филип Бридлав во интервју за „Вол Стрит Џурнал“.

САД немаат доволно количество средства за разузнавање во однос на „заканите од страна на Русија“ и треба да ги фокусираат своите технички капацитети на „растот на воената моќ на Москва“, изјави командантот на НАТО во Европа Филип Бридлав во интервју за „Вол Стрит Џурнал“.

САД веќе почнаа да го зголемуваат бројот на аналитичари во разузнавачките служби кои ја набљудуваат Русија. Притоа САД имаат потреба од „голем број средства за техничко разузнавање“, вклучувајќи шпионски сателити кои е ги следат дејствијата на Москва. „Гледаме дека Русија не ја прифати подадената рака на партнерство, туку го избра патот на воинственост“, потенцира генералот.

Како што истакнува весникот, почнувајќи од „анексијата“ на Крим, Бридлав активно предупредува на „агресијата на Русија“ во Украина и опасноста од неадекватен одговор на тоа. Бридлав е еден од авторите на доктрината за засилување на присуството на НАТО на источното крило на Алијансата.

Како што пишува весникот, како резултат на „анексијата“ на Крим од страна на Русија, тајните служби на САД биле предмет на критика затоа што не успале да ја спречат таа операција на Москва. „Кога го зазедов местото пред три години, ние не бевме фокусирани на Русија, затоа што се обидувавме да ја реализираме програмата која би ја внела Русија во просторот на западните вредности. Меѓутоа Русија одбра друг пат“, раскажува Бридлав.

Притоа командантот на НАТО потенцира дека воената моќ на Русија не треба да се преценува: „Треба да бидеме претпазливи... ако ја прецениме Русија, тогаш ќе престанеме да бидеме објективни“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња