Околу 660 луѓе учествуваа во велигденските богослужби во православните храмови во Москва ноќта меѓу саботата и неделата, соопшти за „Интерфакс” прес-службата на МВР во Москва.
„Ноќта меѓу саботата и неделата во 433 православни цркви, храмови и манастири во рускиот главен град беа одржани празничните богослужби, осветувањето на велигденскиот колач и литиите по повод Велигден. Според прелиминарните податоци, в велигденските прослави учествувале околу 660 илјади луѓе“, изјави претставник на прес-службата.
Тој истакна дека во саботата околу 60 илјади луѓе ги посетили 78 гробишта во градот и 6 гробишта во Московската област.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче