Путин го честиташе Велигден

Путин исто така високо ја оцени духовната, моралната и општествената мисија што ја исполнува Руската православна црква.

Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе на православните христијани и сите граѓани на Русија празникот на Светлото Христово Воскресение - Велигден.

„Големиот празник Велигден ги побудува најдобрите чувства во срцата на милиони верници, го обединува околу неминливите духовни вредности на православието, многувековните историчски, културни традиции на нашиот народ“, се вели во телеграмата со честитики што ја пренесува „Интерфакс“.

Путин исто така високо ја оцени духовната, моралната и општествената мисија што ја исполнува Руската православна црква.

„И, се разбира, на овој празничен ден сакам да ја истакнам огромната креативна улога на Руската православна црква во просветувањето и хуманитарноста, зацврстувањето на моралните основи на општеството, воспитувањето на генерацијата што доаѓа. Црквата многу прави за решавање на насушните социјални проблеми, зачувувањето во земјата на меѓуционалниот и меѓурелигиозниот мир. Таквата многустрана, потребна работа заслужува длабоко, искрено признание“, напиша претседателот на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња