Клинцевич:Немаме намера да склопуваме никакви спогодби за иднината на Крим

„Предлогот да го „замениме“ Крим за укинување на санкциите што го изнесоа американските конгресмени, е еден вид класика која го покажува односот на американската владејачка класа спрема целиот преостанат свет“, истакна рускиот сенатор Франц Клинцевич.

Русија нема намера да склопува никакви спогодби за иднината на Крим, неговата судбина е одредена дефинитивно и неповратно, изјави првиот заменик на претседателот на Комитетот на Сојузот на Федерацијата за одбрана и безбедност Франц Клинцевич, коментирајќи го предлогот на некои конгресмени на САД прашањето за укинување на санкциите да се услови со статусот на полуостровот.

Конгресот на САД  прими од некои конгресмени предлог за укинување на „рестриктивните мерки“ против Русија ако Москва се согласи да го „врати“ Крим под контрола на украинските власти.

„Предлогот да го „замениме“ Крим за укинување на санкциите, кој беше изнесен од американските конгресмени, е еден вид класика која го покажува односот на американската владејачка класа спрема целиот преостанат свет“, истакна Клинцевич.

„Тоа ја покажува и нивната верба во семоќта на санкциите токму поради тоа што тие  се американски, како и одбивањето да сфатат дека не може секој да се купи со пари, „и обидот патем да се насамари спротивната страна, на која ѝ се предлага она што нема цена да го замени за шарена лага“, додаде сенаторот, пренесува РИА „Новости”.

„Нашиот одговор на ваквите предлози може да биде само еден. Русија не планира да склопува никакви спогодби што се однесува до иднината на Крим. Неговата судбина е дефинирана конечно и неповратно“, изјави Клинцевич.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња