Дешифрирањето на црните кутии ги потврди прелиминарните заклучоци на комисијата. Техниката работела беспрекорно, а причина за несреќата бил човечки фактор, изјави неименуван извор за агенцијата ТАСС, пренесува „Взгљад“.
Пилотите на хеликоптерот Ми-28Н летале во ноќта над терен со многу незгоден релјеф, на кој немало никаков ориентир, па загубиле ориентација во просторот, а леталото зазело неправилна положба и удрило во земјата.
Тој нагласи дека во текот на летот екипажот не известил за какви било технички недостатоци или стрелба врз хеликоптерот.
Хеликоптер Ми-28Н „Ноќен ловец“ на руските Воздушно-космички сили се урна на подрачјето на сирискиот град Хомс. Загинаа двајцата членови на екипажот. Министерството за одбрана соопшти дека хеликоптерот не бил соборен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.