Медиум: Да признаеме, санкциите се целосно фијаско

Несогласувањата поради антируските санкции на САД внесоа неслога меѓу американските сојузници во Европа, кои и без тоа имаа финансиски проблеми, пишува американскиот магазин „Форин Полиси“.

„Од Иран до Русија, од Африка до Северна Кореја, администрацијата на Обама веќе долго игра на картата на финансиски санкции, своето омилено оружје против непријателите на САД, но целата измината година токму американските сојузници ги чувствуваат растечките негативни последици од тие санкции. Можеби санкциите од честата употреба ја загубија ефикасноста, а во некои случаи дури доведуваат до спротивен резултат“, пишува „Форин Полиси“.

Американскиот секретар за финансии Џек Лу во март го предупреди Конгресот дека ако санкции „ја направат бизнис средината премногу комплицирана или непредвидлива или бидат прекумерна пречка за парични текови во светски рамки“, тогаш финансиските трансакции може да почната да ги заобиколуваат САД.

„Мораме да бидеме свесни за ризиците дека прекумерната употреба на санкциите може да ја поткопа нашата лидерска позиција во глобалната економија и ефективноста на самите санкции“, вели Лу. Несогласувањата поради антируските санкции на САД внесоа неслога меѓу американските сојузници во Европа, кои и без тоа имаа финансиски проблеми.

„Дали санкциите имаа успех? Не! Тоа е целосно фијаско“, рече во февруари италијанската пратеничка во ПССЕ Дебора Бергамини. Според нејзините зборови, по воведувањето на санкциите на САД и ЕУ, Италија во 2014 година загубила барем 1,25 милијарди евра од извозните приходи.

Освен Франција и Италија, и во Германија зајакнува расположението за укинување на санкциите. Во март министерот за економија Зигмар Габриел ја повика ЕУ да создаде услови за да се укинат санкциите до лето. Руско-германската трговска размена е  намалена за речиси 12 милијарди евра, вели Мајкл Хармс, претседател на Руско-германската стопанска комора.

Според проценките на Европската комисија, поради санкциите БДП на ЕУ во 2015 година се зголеми за 0,3 отсто помалку отколку што можеше. Австрискиот институт за економски истражувања пресмета дека ако санкциите останат на сила уште неколку години, ЕУ ќе загуби 92 милијарди евра и повеќе од 2,2 милиони работни места.

Сепак, претставници на американското министерство за финансии во четвртокот изјавија дека, судејќи по разговорите на Обама со повеќе европски лидери, ЕУ во јуни ќе ги продолжи санкциите против Русија.

Истовремено, новите истражувања на американскиот Кејти Институтот (CATI институт) и на Центарот за нова американска безбедност (CNAS) доведе до сомневања за вистинската ефикасност на санкциите и ги покажуваат нивниот негативен „ефект на бран“.

CNAS заклучи дека сегашните санкции „не влијаат позначително на БДП на земјата против која се воведени“.

„Страшно е што толку ревносно го применивме тој збир на економски инструменти за да се казни Русија - земја со огромна глобална економија – а да не извршиме темелно испитување на ефектите и последиците“, констатира Елизабета Розенберг од CNAS.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња