Сенатор: Русија разработува ракети незапирливи за ПРО системите на НАТО

Русија во моментов ја завршува работата над најновата генерација ракети, незапирливи за вооружувањето на НАТО, особено за системите за ПРО, соопшти првиот заменик-претседател на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Евгениј Серебреников.

Според зборовите на сенаторот, токму овие ракети ќе бидат распоредени на северните граници на Русија во случај Шведска да стапи во НАТО. Освен тоа, Серебреников не исклучува зголемување на армиските сили на границата, пренесува РИА „Новости“.

Прашањето за проширувањето на НАТО го покрена шефот на МНР РФ Сергеј Лавров во интервју за шведското издание на „Дагенс Нихетер“. Дипломатот истакна дека Москва ќе одговори со „воено-технички мерки“ ако Шведска реши да ѝ се придружи на Алијансата.  Во НАТО изјавија дека Стокхолм засега не поднел пријава за членство.

Подоцна експертите ги коментираа зборовите на Лавров. Според нивното мислење, можно е да се работи за засилување на руските сили на северозапад. На пример, Москва може да ги префрли на граница оперативно-тактичките системи „Искандер-М“ и да ги опреми бродовите и подморниците на Балтичката флота со ракетите „Калибар“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња