Русија, Кина:САД да се откажат од антиракетен систем во Кореја

Лавров и Ван апелираат САД да не инсталира антиракетен систем во Јужна Кореја.

Русија и Кина ги повикаа САД да не го инсталираат противвоздушниот THAAD (Terminal High Altitude Area Defense) систем во Јужна Кореја.

Вашингтон и Сеул почнаа разговори за инсталирање на антиракетниот систем во Јужна Кореја откако Пјонгјанг изврши серија ракетни тестирања.

„Наведените земји не треба да ги користат постапките на Пјонгјанг како изговор за зголемување на нивното воено присуство на Корејскиот полуостров“, изјави шефот на руската дипломатија на 29 април, по разговорите со неговиот кинески колега Ван Ји во Пекинг. „Веруваме дека можното распоредување на антиракетниот систем THAAD нема да го реши овој проблем“.

Ван изјави дека таквиот потег ќе има безбедносни последици за Кина и Русија.

„Овој потег оди подалеку од одбранбените потреби на наведените земји“, рече Ван. „Ако биде распореден, тоа ќе влијае директно на стратешката безбедност на Кина и Русија“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња