МНР РФ: Ситуацијата во Одеса пред годишнината од трагедијата загрижува

„Неказнетоста на лицата одговорни за подметнување на пожарот во Одеса е факт, а Киев и некои западни земји се однесуваат како да е тоа нормално и како да не се коси со основните норми на меѓународното право“, смета ополномоштениот претставник на руското МНР Константин Долгов.

Киев и некои западни земји сметаат дека неказнетоста на одговорните за трагедијата во Одеса на 2 мај 2014 е нормална појава. Појавата на организациите „Азов” и „Ајдар” во градот пред одбележувањето на годишнината од трагичниот настан предизвикува загриженост, изјави ополномоштениот претставник на руското МНР за човекови права Константин Долгов.

Откако поминаа две години од настанот констатираме крајно незадоволителна ситуација во врска со истрагата за околностите за трагедијата во Одеса на 2 мај 2014 година. Истрагата која наводно ја спроведоа украинските власти, според извештајот на Меѓународната консултативна група на Советот на Европа за Украина од 4 ноември 2015 година, воопшто не е во согласност со барањата на Европската конвенција за заштита на човековите прави и основните слободи, како и со критериумите за независност, ефикасност и непристрасност за спроведување на истрага во разумен рок“, изјави Долгов, се наведува на сајтот на Министерството за надворешни работи на Русија.

Долгов истакнува дека се нарушени и стандардите на истрагата.

„Неказненоста на лицата одговорни за подметнувањето на пожарот во Одеса е факт, а Киев и некои западни земји се однесуваат како да е тоа нормално и како да не се коси со основните норми на меѓународното право во сферата на човековите права“, смета Долгов.

МНР РФ исто така ги повикува меѓународните структури за заштита на човековите права и механизмите на ООН, ОБСЕ, Комесарот на Советот за Европа за човекови права, Генералниот секретар на Советот на Европа, како и угледните меѓународни невладини организации да ја „интензивираат својата активност во врска со „Одескиот случај“, ефикасно да влијаат врз Киев за на крај да биде обновена истрагата и виновниците да одговараат“.

Покрај тоа, Долгов изразува сериозна загриженост во врска со информациите за затегнатоста на ситуацијата во Одеса, постепеното собирање во градот на обучени членови на националистичките и радикалните групи „Ајдар” и „Азов”, како и поради „други показатели за подготовка на нови провокации во градот“.

Претходно во петокот беше соопштено дека во Одеса е упатена единицата Алфа” со специјална техника и вооружување, и дека околу 300 припадници на полкот „Азов“ се веќе во Одеса за да го заштитат јавниот ред и мир во текот на провокациите кои наводно се подготвуваат за 2 мај.

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња