„Метромаратонци” ќе ги поминат сите станици на московското метро за 20 часа

Сите 199 станици ќе можат да бидат поминати со помош на специјален математички алгоритам

Група активисти составена од 4 луѓе има намера на 12 мај да ги помине сите станици во еден ден, соопштува TJournal.ru. Метрото во Москва работи од 5 часот наутро до 1 час по полноќ и „метромаратоците“ сметаат дека ќе успеат да ги поминат сите 199 станици за 20 часа. Акцијата е по повод Денот на раѓањето на московското метро кое во 2016 година полни 81 година (првата линија беше отворена на 15 мај 1935 г.).

Идејата за одржување на маратонот е на аналитичарот на најголемиот руски интернет пребарувач „Јандекс“ Алексеј Тихонов. Врз база на математички алгоритми тој направил оптимална маршрута за транспорт во метрото. Должината на патот изнесува 335,5 километри. Тихонов изјави за TJournal дека 20 работни часа на метрополата треба да бидат доволни за да се пропатуваат сите станици. А догодина нема да биде можно да се пропатува целото метроя: до крајот на 2016 треба да се отворат 12 нови станици, а во 2017 година – уште 10 нови.

Организаторите на проектот планираат видео-пренос од маратонот на социјалните мрежи и на сајтот metromarafon2016.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња