Русија се обидува да ги привлече странските трејдери да формираат платформа за тргување со фјучерси врз база на Санктпетербуршката меѓународна стоковно-суровинска берза. Целта е да се зголемат приходите од продажбата на нафтата на рускиот бренд „Уралс“, правејќи го формирањето на цените независно од европската марка „Брент“. Уште една задача на руското раководство е да го напушти одредувањето на цените на нафтата во долари, пишува агенцијата„Блумберг“.
„Целта е да се создаде систем во кој руската нафта би се проценувала, продавала и купувала на праведен и едноставен начин”, изјави Андреј Рибников, директор на Санктпетербуршката меѓународна стоковно-суровинске берза.
Русија одамна се жали на тоа дека помалку кавалитетната нафта „Уралс“ се продава по цена која е пониска и врзана за цената на нафтата „Брент“.Сопствениот пазар на фјучерси ќе ѝ овозможи на Русија да го унапреди начинот на формирање на цената на нафтата, а на националните компании ќе им даде шанса за дополнителна заработка, објаснува Рибников.
Како што истакнува „Блумберг“, западните играчи се колебаат да учествуваат во проектот поради неколку фактори, меѓу кои е и сомневањето дека руската влада со помош на интервенција во работењето на новата платформа сака да постигне зголемување на цените на енегенсот.
За да ги привлече трејдерите, Банката на Русија подготвува измени во законодавството за давање на странски фирми пристап до берзанските стоки и нивните деривати.
Својата подготвеност да станат маркет-мејкери веќе ја соопштија руските компании ЛУКОИЛ, „Роснефт“ и „Гаспром-нефт“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче