Лавров ја кажа „најрусофопската“ земја во НАТО

Литванија стана најагресивната русофопска земја во Алијансата, изјави шефот на МНР Русија Сергеј Лавров.

„Откако тие (балтичките земји) станаа слободни, како што сметаат, и независни, објавувајќи ги сите неопходни одлуки за својот суверенитет, ќе потенцирам, во отсуство на каков-било обид од страна на Москва да ги повлече назад, а уште помалку да примени сила против нив, тие почнаа да се стремат кон НАТО. Нашите односи со НАТО во 90-те години се развиваа мошне конструктивно“, изјави Лавров во интервју за шведското издание „Дагенс Нихетер“.

„Ние ги прашувавме нашите натовски колеги зошто сакаат да го примат Прибалтикот. Ни одговорија дека кај нив се зачувале секакви фобии уште од советско време и периодот од Првата светска војна, кога сето тоа почнало. Во Алијансата изразија разбирање дека современа Русија за нив (за балтичите земји) не претставува никаква закана, но кај нив, изгледа, таква е психологијата: ќе ги примат во НАТО и ќе се смират, сѐ ќе биде мирно, конструктивно и само ќе помогне да се развиваат добри односи“.

 „Нив ги примија во НАТО, но никакво смирување не дојде, особено кај нашите литвански соседи“, констатира Лавров.

Згора на тоа, „тие сега се најагресивното русофопско јадро кое го присилува НАТО, користејќи го принципот на консензус, да се оди по постојан антируски курс“.

„И тоа никако не е поврзано со рускојазично население.  На пример, кога овие земји се здобија со независност, ние имавме проблеми кои ги решававме исклучително по дипломатски пат, на пример, со Латвија и Естонија, каде огромен дел од населението не доби право на државјанство. Во Литванија државјанство добија сите. Затоа ние немавме никакви прашања за Литванците“.

Москва планирала да соработува, активно работела на планови, вклучително за транзит во Калининград, за заедничко усвојување на економски проекти.

„Но Литванија поради некоја причина се покажа како најрусофопска земја во Балтикот. Нема да ги коментирам личните карактеристики на нејзините раководители“, изјави шефот на дипломатскиот ресор.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња