Долгов: Смешна е казната за војниците на САД за болницата во Кундуз

Москва ја смета за исмевање на правосудството дисциплинската казна за војниците на САД кои ја бомбардираа болницата во авганистанскиот град Кундуз, изјави ополномоштениот на МНР Русија за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов.

„Од Вашингтон известуваат за дисциплинска казна против 16 војници, вклучително и на специјалци, за нападот врз болницата на „Лекари без граници“ во авганистански Кундуз, каде што загинаа голем број цивилни лица. Совршено е очигледно дека таквата мерка е апсолутно смешна. Се разбира, Вашинготн поторно не најде сила во себе сериозно да ги казни војниците виновни за трагичното загинување на цивилите“.

„Се разбира, дисциплинската казна е своевидно исмевање на правосудството, уште повеќе што Кундуз воопшто не е првиот цивилен објект кој беше уништен во текот на авганистанската воена кампања“, додаде тој.

„Да се потсетиме на воздушните напади врз авганистанските свадби, врз болниците. Такви случаи има многу – и во Авганистан, и во Ирак. За жал, никој и не понесе никаква сериозна одговорност за тие апсолутно незаконски дејствија. Никој не е казнет, како и за измачувањата во специјалните затвори на ЦИА“, рече Долгов.

„Денешната одлука потврдува дека климата на неказнетост продолжува да просперира во Вашингтон. Со голема подготвеност американските политичари се обидуваат „да ја префрлат топката“ врз други земји, не го гледаат она што им е пред очи, како и претходно штитејќи ги своите војници и специјални служби од напади, од заслужената одговорност“, констатира дипломатот.

„Се разбира, таквиот двоен стандард е апсолутно забележлив и не му служи на чест на американскиот правен систем. Таквите постапки на Барак Обама нема да ги оживеат загинатите во Кундуз. Тоа повеќе од мала утеха за роднините кои ги загубиле своите блиски“, заклучува Долгов, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња