Русија ја лансираше првата ракета од космодромот „Восточни“

Првиот човек на „Роскосмос“ Игор Комаров го нарече првото лансирање од новиот космодром историски настан.

Сите три сателити во текот на првото лансирање на „Сојуз-2.1а“ од космодромот „Восточни“ се изведени во орбитата, соопшти за РИА „Новости“ претставник на корпорацијата „Роскосмос“.

Станува збор за руските вселенски летала „Аист-2Д", научниот сателит на МГУ „Михајло Ломоносов“, како и за наносателитот SamSat-218Д. Подоцна од „Роскосмос“ изјавија дека со секое од нив е воспоставена врска и дека работата се одвива во предвидениот режим.

На лансирањето на ракетата беше присутен претседателот на РФ Владимир Путин. Коментирајќи ги техничките проблеми со кои се соочија специјалистите, Путин го спореди лансирањето на ракетата со подготовка на пудинг.

„Велат дека за да се потврди квалитетот на пудингот, треба да се изеде, за да се потврди подготвеноста на космодромот за работа, треба да се реализира првото лансирање. Вие тоа го сторивте, ви честитам“, истакна претседателот.

Првиот човек на „Роскосмос“ Игор Комаров го нарече првото лансирање од новиот космодром историски настан.

Лансирањето на ракетата „Сојуз-2.1а“ од космодромот „Восточни“ можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња