Шефот на одбранбениот ресор на Иран го изјави ова во рамките на IV Меѓународна конференција за безбедност што се одржува во Москва. Министерот за одбрана на Иран ги повика Русија, Индија и Кина на поактивна соработка и почеток на консултации за наведеното прашање, пренесува „Вести.ру“.
Мошне голем дел од својот настап Дехган го посвети на прашањето за Саудиска Арабија и нејзиното покровителство на различни терористички групи. Притоа шефот на Министерството за одбрана на Иран ја потенцираше опасноста од ширењето на таквите групи во Авганистан, Северен Кавказ, Централна Азија, Индија, Западна Кина и Европа.
Во завршниот дел од својот говор министерот изјави за потребата од активирање на воената соработка меѓу Иран, Русија, Индија и Кина за заедничко спротивставување на ширењето на НАТО на исток, како и на распоредувањето на глобалниот систем за ПРО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче