Де Мистура ги нарече Русија и САД „кумови“ на прекинот на огнот во Сирија

Подоцна извор во МНР РФ изјави дека де Мистура ќе ја посети Москва следната недела и дека се планира средба со шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

Специјалниот пратеник на ООН за Сирија Стафан де Мистура ги нарече Русија и САД „кумови“ на режимот за прекин на насилството во Сирија и ги повика итно да го решат прашањето за обнова на примирјето во Сирија.

„Совршено е јасно дека режимот за прекин на огнот постојано се наоѓа на граница на колапс... Штотуку поднесов специјално барање во Советот за безбедност на ООН (за неопходноста од итно свикување на Меѓународната група за поддршка на Сирија) – се обратив на самиот почеток со итно барање двата копретседавачи кои се членови на СБ ООН, кои фактички се кумови на режимот за прекин на борбените дејствија – доколку не се сеќавате, имаше договор меѓу Русија и САД за почеток на прекинот на огнот на волшебен начин од 28 февруари“, изјави де Мистура на прес-конференцијата по завршувањето на априлската рунда на меѓусириските преговори во Женева, пренесува РИА „Новости“.

Подоцна извор во МНР РФ изјави дека де Мистура ќе ја посети Москва следната недела и дека се планира средба со шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња