„Во центарот на вашата агенда е темата на борба со меѓународниот тероризам, кој поприми невидени размери и, во суштина, ѝ фрли предизвик на цивилизацијата“, ја прочита секретарот на Советот за безбедност на РФ Николај Патрушев поздравната телеграма на Путин, пишува „Взгљад“.
Шефот на руската држава во своето обраќање истакна дека на решавање на оваа задача е насочена руската иницијатива за формирање широк антитерористички фронт на универзална меѓународно-правна основа и под закрила на ООН.
Според зборовите на претседателот, изминатите години форумот, организиран од Министерството за одбрана на РФ, цврсто се утврдил во својство на потребна платформа за широк спектар на проблеми на глобалната и регионална безбедност, барањето на оптималните патишта за нивно решавање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче