Настапувајќи на отворањето на V конференција за меѓународна безбедност во Москва, секретарот на Советот за безбедност на РФ Николај Патрушев изјави дека во денешно време многу земји во светот се предмет на притисок однадвор по што во нив се создаваат предуслови за „обоени револуции“.
„Во настанатите услови сѐ повеќе е недозволива линијата за постигнување еднострана предност, често на штета на други држави. Така, многу земји денес се предмет на отворен политички и економски притисок, ја губат способноста за донесување самостојни одлуки. Со самото тоа се создаваат услови за смена на раководствата на државите и реализација на сценаријата на таканаречените обоени револуции“, пишува РТ на руски.
Патрушев истакна: „Тековната состојба на нештата во меѓународните работи бара од нас порешителни и усогласени дејствија“. Тој потенцираше дека соработката на земјите во борбата со меѓународниот тероризам треба да се води со уважување на суверенитетот.
„Таквата соработка треба да се реализира врз основа на рамноправна соработка, при почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите со запазување на принципот на немешање в нивните внатрешни работи“, изјави секретарот на Советот за безбедност на РФ.
„Притоа постојните противречности и разногласија меѓу државите треба да отидат во втор план. Соработката на Русија и САД во врска со Сирија претставува убедлив пример за тоа дека соработката не само што е можна, туку е и ефикасна“, додаде Патрушев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче