Сергеј Сироткин стана тест-возач во Формула 1, беше објавено на официјалниот сајт на тимот на „Рено“ во вторникот, 26 април.
Дебито на Сироткин се очекува веќе во петок во Сочи каде ќе го замени главниот пилот на „Рено“, Данецот Кевин Магнусен.
За Сироткин во екипата велат дека е еден од најталентираните возачи во помладата серија. „Минатата година во GP2 серијата тоа беше возачот кој најмногу ветуваше“, вели Фредерик Васо, тркачкиот директор на „Рено Спорт Рејсинг“. Во својата прва сезона на серијата GP2 Сироткин како пилот на италијанската екипа „Рапакс“ беше трет во севкупен пласман.
Сергеј Сироткин е во автомобилскиот спорт од своја седумгодишна возраст. Во 2013 година тој стана најмладиот пилот на „Рено Спорт Серис“. Дебитираше во Формула 1 уште во 2013 година. За екипата на „Заубер“ настапи на Гран-прито на Русија во 2014 година. Сироткин беше во програмата за поддршка на млади возачи на SMP Racing, финансирана од бизнисменот Борис Ротенберг, кој важи за човек близок до претседателот на РФ Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче