Русија ќе потроши 850 милиони евра на обнова на Сирија

Во прв ред ќе бидат обновени нафтениот сектор и електроенергетиката

Премиерот на Сирија Ваел ал-Халики соопшти дека неговата земја и Русија потпишаа договор за обнова на инфраструктурата во државата разрушена од војна. Вкупниот износ на најавените инвестиции изнесува 850 милиони евра. Основна задача ќе биде обнова на електричната мрежа и нафтената индустрија на земјата.

„Руската страна се одѕва на идејата за обнова на инфраструктурата, во врска со што беа потпишани мноштво договори со руската страна, меѓу нив и на договори во износ од 600 милиони и 250 милиони евра“, изјави Ваел ал-Халики во интервју за „РИА Новости“.

Основна задача ќе биде обнова на уништените електрична мрежа и рафинериите за производство и преработка на нафта. Сега, според зборовите на Ал-Халики „повеќе од 60% од станиците не работат и имаат потреба од гориво за почеток на работата“. Според неговите зборови, електричната мрежа не е уништена во целост. „Остана мрежата која ги спојува северот (од Камишли) и југот (до Дераа). Струја до ден-денес се испорачува. Сепак производството се потпира на гориво, а нафтениот сектор беше предмет на уште поголем тероризам отколку секторот за електроенергија“.

Рафинериите кои останаа под контрола на владата работат, според зборовите на премиерот, на границите на своите можности. За еден ден нормално функционирање се потребни 35 илјади тони нафта. „Сега ги преработуваме овие обеми за да ги користиме 24 часа денот во текот на месецот, за да не се прекинува тој процес“, забележа тој.  

Дамаск исто така има намера да почне да се враќа на нормален режим на работа на финансиските институции на земјата, заради што треба да постигне укинување на низа санкции воведени уште во почетната етапа на граѓанската војна во земјата во 2011–2012 година. „Имајќи предвид дека Сирија не беше изолирана од светот и одржуваше сосем сериозни финансиски врски со повеќето земји, а исто така имаше и сигурна финансиска репутација, ние планираме да почнеме процес за укинување на неправедните санкции за финансиски операции на Сирија со надворешниот свет“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња