Русија го забрани Меџлисот на кримските Татари

Согласно информациите на кримското обвинителството, лидерите на Меџлисот соработуваат со припадници на терористички организации.

Врховниот суд на Крим го прогласи општественото здружение „Меџлис на кримско-татарскиот народ“ за екстремистичка организација и ја забрани неговата работа во Русија, соопштува РИА „Новости“.

Одлуката на судот може да биде обжалена во текот на месецот.

Барањето за забрана на Меџлисот беше поднесено од обвинителката на Крим Наталија Поклонскаја. Таа изјави дека организацијата е изградена исклучително врз антируска дејност, при што нејзините раководители Рефат Чубаров и Мустафа Џемилев се „марионети во рацете на големите западни куклари, а кримско-татарскиот народ го користат како монета за раскусурување“.

Согласно информациите на обвинителството, лидерите на Меџлисот соработуваат со припадници на терористички организации.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња