Обама раскажа како Путин ги перципира ЕУ и НАТО

Претседателот на САД Барак Обама зборуваше за односот на својот руски колега Владимир Путин спрема ЕУ и НАТО.

Претседателот на САД Барак Обама во интервју за телевизијата „Си-Би-Ес“ изјави дека мисли дека рускиот лидер Владимир Путин ги гледа НАТО и ЕУ „како закана за руската моќ“.

„Господинот Путин во глобала ги перципира НАТО, ЕУ, трансатлантското единство како закана за руската моќ“, изјави Обама, одговарајќи на прашањето дали смета дека Путин има намера „да ја подели Европа“.

Според неговото мислење, рускиот претседател „греши во тие пресметки“.

„… Јас му реков (на Путин) дека во реалност силна, обединета Европа во соработка со силна, заинтересирана за контакти со други земји Русија е вистинскиот рецепт. Но засега не успеавме да го убедиме потполно во тоа“, изјави американскиот претседател.

Претходно рускиот претседател изјави дека главниот проблем на Европа е во тоа што таа ѝ препушти дел од суверенитетот на САД и се откажа од независност во надворешната политика. Исто така, Владимир Путин истакна дека Русија може да работи со сите земји, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња