Претседателот на САД Барак Обама изјави дека НАТО и ЕУ не се закана по Русија, како и дека соработката со „единствена и силна“ Европа би ѝ одговарала на Русија.
„Кога станува збор за тоа кој за кого претставува опасност, тогаш овде секако не треба да се заборават изјавите кои константно пристигаа како од Брисел, од седиштето и од членките на раководството на организацијата, мислам на НАТО-пактот, значи изјавите за тоа дека токму тие ја третираат Русија како опасност. А изјавите не се сведуваа само на зборови, па можевме да видиме конкретни чекори преземени во насока на зголемување на воениот потенцијал и неговото приближување до нашите граници.
Затоа во овој случај е доволно само да се констатираат фактите кои се многу очигледни“, рече Песков одговарајќи на барање на новинар да ја коментира изјавата на Обама.
Според зборовите на Песков, Владимир Путин повеќепати истакнуваше во разни пригоди дека Русија сака да гради заемни корисни, добри и конструктивни односи со сите земји во светот, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче