Вооружените сили на РФ ќе ја добијат првата серија од 100 тенкови Т-14 „Армата“ веќе 2017-2018 година, изјави во програмата на радио-станицата „Ехото на Москва“ заменик-генералниот директор на НПК „Уралвагонзавод“ Вјачеслав Халитов.
Исто така, концернот-производител соопшти за можноста од намалување на цената на новото возило „при добри партии од 100-150 парчиња и договорено производство“. Во моментов официјалната цена на тенкот Т-14 „Армата“ изнесува околу 250 милиони рубли (околу 3,8 милиони американски долари – заб. на ред.).
Основната варијанта на тенкот Т-14 е планирана да биде со 125-мм орудие. Меѓутоа, според зборовите на експертите за оружје, борбеното возило може да се модернизира со 152-мм топ.
Тенкот Т-14 може да истрела до десет истрели во минута на далечина од седум километри до целта. На пример, брзината на гаѓање на американскиот „Абрамс“ изнесува само три истрели при далечина од 4600 метри.
Исто така, руското возило располага со радарски систем кој му дава предност во системот за нишанење и управување со гаѓањето. Така Т-14 може да погоди летачки апарати и да пресретнува ракети и проектили на евентуален противник.
Вооружување:
А) 1х125-мм топ со мазна цевка - лансер 2А82-1М. Борбен комплет од 40 полнења (од кои 32 во автоматот за полнење);
Б) 1х7,62-мм митралез ПКТМ во далечински управуваниот уред. Борбен комплет од 2000 куршуми во непрекината лента
Борбена маса: до 55 тони
Екипаж: 3 луѓе
Моќ: 1500 КС
Брзина на пат: до 80 км/ч
Откривање на цел: над 5000 метри
Погодување на цел: 7000 метри
Поминато растојание со еден резервоар: над 500 км.
Отпорност на оклопот: над 900 мм.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче