Путин: Русија нема да дозволи губење на суверенитетот

Русија никогаш нема да дозволи губење на сопствениот суверенитет, потенцираше претседателот на РФ Владимир Путин.

„Кога само би се согласувале и би поддржувале (други земји – потенцијални опоненти на Русија), ние би биле добри за сите. Вистина, постепено би ја губеле својата важност, а следен чекор по губењето на својата важност, мислам, би било и ненадоместливото губење на нашиот суверенитет и губењето на перспективите за во иднина. Е тоа никогаш нема да го дозволиме“, изјави Путин на форумот на Општорускиот народен фронт, пренесува ТАСС.

„Таков фактор - независен, ефикасен, кој си ја знае цената и има свои сопствени интереси и е способен да ги објави, тешко дека е потребен некому. Таквите се обидуваат малку да ги запрат, да ги постават на место“, смета рускиот претседател.   

„Нам од никого ништо не ни треба освен она што ни припаѓа. И подготвени сме да бараме компромис. Разбираме дека светот не се состои само од нашите интереси, и другите имаат интереси“.

Претседателот на РФ е убеден дека за хармонија во светот сите партнери треба да ги имаат предвид интересите на другиот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.