Претседателот на РФ Владимир Путин не гледа ништо ново или необично во информативните напади врз Русија и врз него лично, пренесува ТАСС.
„Тоа е реакција на нашите опоненти – така да ги наречеме – на јакнењето на земјата“, изјави тој на форумот на Општорускиот народен фронт.
Претседателот прогнозира нови информациски напади врз РФ пред изборите за Државната дума годинава и претседателските избори во 2018 година.
„Сега (нашите опоненти) ќе смислуваат нешто (од информациските напади) за 9 мај. Потоа за изборите во Државната дума ќе смислуваат нешто, потоа за претседателските. Тоа е 100%, што се вели кај нас, прашај паталец, не прашувај гаталец“.
Шефот на руската држава истакна дека за него информациските напади не се ништо ново.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче