Пушков за новиот филм на Би-Би-Си: Лажните маски почнуваат да паѓаат

Телевизиската станица Би-Би-Си сними документарен филм во кој очевидци на авионската несреќа на малезискиот Боинг 777 ги изнесуваат своите сведоштва. Од нив може да се заклучи дека авионот бил соборен од ракета „воздух-воздух“ истрелана од украински ловец, пишуваат британските медиуми.

Шефот на Комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков ја коментираше информацијата за документираниот филм на Би-Би-Си посветен на срушениот Боинг 777 кај Донецк.

„Беше филмот на Мореира за Мајданот „Украина: маските на револуцијата“. Ќе има филм на Би-Би-Си кој може да објасни како е соборен малезискиот Боинг. Лажните маски почнуваат да паѓаат“, напиша Пушков на својот Твитер-профил.

Претходно медиумите го најавија филмот на Тв-каналот на Би-Би-Си за соборувањето на Боингот кој ќе биде прикажан на 3 мај. „Дејли Меил“ пишуваше дека филмот докажува дека малезискиот Боинг бил соборен од украински ловец.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња