Лавров: Киев беше предупреден дека украинската држава може „да пукне“

Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров смета дека кризата во Украина настана поради тоа што раководството на земјата „се обидуваше да седи на две столчиња“ и „ја тегнеше земјата на Запад и покрај мислењето а народот“.

„Тоа, дека украинската држава може да пукне ако политичарите се обидуваат да седат на две столчиња и да ја тегнат земјата на Запад и покрај мислењето на народот е старо прашање на НАТО кое настана многу порано од сегашната криза. За време на поранешниот претседател на Украина В. А. Јушченко и пред него многу далекувидни луѓе зборуваа дека тоа нема да донесе добро – не затоа што некој сакаше или сака да ѝ се одмазди на Украина, ами затоа што обидување, грубо кажано, да му се скрши на својот народ “ рбетот е невозможно“, рече Лавров во интервјуто за филмот по повод јубилејот на Владимир Жириновски.

Коментирајќи го фактот дека Жириновски уште во 2008 година прогнозираше меѓусебна војна  и раздор во Украина, ако нејзината политика продолжи во истиот правец, Лавров истакна дека „таа предвидливост е последица на тоа што човекот длабоко ја знае историјата“.

„Зашто историјата се повторува, не секогаш како фарса, но и во вид на трагедија за народите. Знаењето на оние настани кои се случиле во тој огромен, клучен за судбината на светот простор пред сто, двесте и повеќе години, се разбира, помага да се претчувствуваат периодите кога одново по спирала развојот на ситуацијата излегува приближно во иста точка“, истакнува Лавров, пренесува „Рамблер Њуз Сервис“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња