„Падобранците ќе ја совладаат снежната пустина на Северниот пол движејќи се во чизми за снег и на скии. Товарот што е неопходен за работа и укажување помош на жртвите војниците ќе го влечат на специјални санки (кајаци)“, се наведува во соопштението што го пренесува ТАСС.
Доколку наидат на пречки во облик на широки пукнатини и ридови, падобранците се делат на групи од тројца или четворица. Војниците во групи преминуваат преку пречките истовремено на повеќе места на растојание од 25 метри едни од други.
Во соопштението исто така се наведува дека на Арктикот се спроведува обука во екстремно студена вода.
„Специјалните единици на ВДВ на санти мраз спроведуваат вежби за преминување на пречки меѓу санти во екстремно студена војна. Во текот на вежбите падобранците наизменично ќе ја совладуваат и водената пречка“.
Падобранците носат нуркачки одела за да се заштитат од смрзнување во вода. Оделата се направени од осум милиметри дебел неопрен со висока густина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче