Обама: САД ќе продолжат со притисокот врз Русија за Сирија

Претседателот на САД Барак Обама во интервју за „Би-Би-Си“ изјави дека испраќањето копнени сили не би помогнало за решавање на ситуацијата во Сирија.

Според неговите зборови, Вашингтон ќе врши притисок врз Русија и Иран, како и врз умерените опозициски сили, за да се реши конфликтот по мирен пат.

Обама додаде дека е тешко „Исламската држава“ да биде победена во следните девет месеци, колку што остануваат од неговиот мандат како претседател на САД, прецизирајќи дека продолжение на борбата против ИД е од клучно значење.

Интервјуто за „Би-Би-Си“ американскиот лидер го даде во текот на посетата на Велика Британија. По разговорите со премиерот Дејвид Камерон, Обама со скепса ги оцени постапките рускиот претседател Владимир Путин во Сирија.

„Русија заедно со Иран можат да продолжат да го поддржуваат режимот за да не потоне уште некое време, но при отсуство на легитимна влада тоа ќе заврши со неуспех“, изјави претседателот на САД. Според неговите зборови, Башар Асад не може да се смета за легитимен лидер на Сирија затоа што е виновен за загинувањето на голем број луѓе, пренесува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња